ПРЕМИЕРА: Ова е новиот Aston Martin DB11! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ова е новиот Aston Martin DB11!

Новиот Aston Martin DB11 е значителен чекор напред за британскиот бренд – носи нов, 5.2-литарски твин-турбо V12 со 600 коњски сили, но и еволуиран дизајн од кој застанува здивот!

Новиот DB11 е навистина значаен за Aston Martin – како прв модел од новиот „Second Century“ план на брендот, DB11 отвара ново поглавје во историјата на британскиот производител.

DB11 е придвижуван од нов мотор, развиен целосно од страна на Aston Martin. Под поклопецот се крие 5.2-литарски твин-турбо V12 кој испорачува 600 коњски сили и 700 Nm вртежен момент – и со тоа ова е најмоќниот DB-модел во историјата на Aston Martin. На новиот DB11 му се потребни само 3.9 секунди да стигне до 100 километри на час, а максималната брзина е 320 километри на час.

Моторот соработува со 8-степен автоматски менувач од ZF, а возачот може да одбере меѓу неколку различни режими – GT, Sport и Sport Plus. Овие режими нудат различно работење на моторот, менувачот, електричното серво, системот за управување со вртежниот момент како и адаптивната суспензија. DB11 е изграден врз основа на целосно нова, полесна и поцврста архитектура.

Плус, видете го како изгледа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.