Жирито кое го одбира Автомобилот на Годината во Македонија вчера го имаше финалното дружење со сите овогодинешни финалисти!
Овогодинешниот избор за Автомобил на Годината во Македонија се ближи кон својот крај. Вчера имавме можност да поминеме еден ден во друштво на финалистите кои оваа година се борат за титулата. Колку за потсетување – оваа година во изборот учествуваат BMW X1, Hyundai Tucson, Jaguar XE, Land Rover Discovery Sport, Mazda CX-3, Opel Astra и Skoda Superb.
Вчерашниот ден го поминавме со сите финалисти, како и претставници од импортерите за соодветните брендови. Имавме можност да ја посетиме Винаријата Стоби и да дознаеме нешто повеќе за нивните производи, а притоа преку целиот ден да поминеме неколку стотици километри низ источните делови на Македонија – преку Криволак и Штип завршивме во Свети Николе. Од таму, преку Куманово се вративме повторно во Скопје.
Ве оставаме со галерија од вчерашното возење и ви ветуваме дека наскоро ќе го знаеме овогодинешниот Автомобил на Годината во Македонија!
Фотографија: Дејан Маликовски