Официјално: Новиот Mercedes-AMG C43 со 362 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новиот Mercedes-AMG C43 со 362 коњски сили!

Спортската дивизија на Германскиот бренд го претстави новиот C43 Coupe пред неговата официјална премиера на автомобилскиот саем во Женева.

Создаден за да се спротивстави на Audi S5, C43 Coupe има спортско лице со дијамантска решетка и големи отвори за воздух. Моделот е опремен со детали во мат иридиумска сива боја, црни капаци на ретровизорите и спортски издувен систем. Останатите промени содржат нов спојлер на багажникот, заден дифузер и лесни 18-инчни алуминиумски фелни.

Ентериерот се издвојува од оној на стандардниот модел благодарение на воланот со зарамнето дно, спортските микрофибер седишта со контрастни шевови, алуминиумските детали, црвените појаси и изменетата инструмент табла со шаховско знаме.

The 2017 C43 Coupe

Силата произлегува од 3.0-литарски би-турбо V6 агрегат кој произведува 362 кс и 520 Nm вртежен момент. Усогласен е со девет-степена автоматска трансмисија и систем за погон на сите тркала со приоритет кон задната оска. Ова му овозможува на автомобилот да забрза од 0-100 км/ч за 4.6 секунди пред да ја достигне максималната електронски ограничена брзина од 250 км/ч.

Зборувајќи за перформансите, моделот е опремен со AMG Ride Control спортска суспензија и AMG Dynamic Select систем со Comfort, Eco, Sport, Sport Plus и Individual режими на работа. Инженерите исто така инсталирале и спортски систем на управување осетлив на брзина и систем за сопирање со високи перформанси и внатрешно вентилирачки дискови со големина од 36 cm напред и 32 cm позади.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.