Rolls-Royce објави дека 2016 е последната година за производство на сегашната генерација на Phantom – дури 13 години по неговото лансирање.
Неговиот наследник ќе пристигне на пазарот во 2018, што значи дека брендот ќе биде без знаменосниот модел една година. Заедно со објавата за завршувањето на производството на сегашниот Phantom, Британскиот производител исто така потврди дека нема да ги замени Phantom Coupe и Drophead Coupe.
Сегашната генерација на Phantom беше претставена пред 13 години, како седма по ред и ја формираше базата за успехот на брендот во последните години. Вработените во Rolls-Royce не прецизираа дата кога точно ќе заврши производството на Phantom, но ние претпоставуваме дека тоа е поврзано со тоа колку нарачки ќе регистрираат во последната година од производството на овој модел. Ако се повтори успехот кој Land Rover го забележа во последата година од производството на Defender, можеме да очекуваме дека Британците ќе бидат екстремно зафатени оваа година.
Завршувањето на производството ќе биде проследено и со ограничена серија која ќе биде наречена Zenith и ќе ги обележи последните примероци на Phantom Coupe и Drophead Coupe. Секој од 50-те автомобили ќе биде најдобар од својот вид и ќе ги содржи најдобрите одлики на секој модел, со неколку додадени изненадувања за да ги задоволи и најпребирливите купувачи. Rolls-Royce очекува огромна побарувачка за ограничените модели, па ние претпостауваме дека овие автомобили ќе се продадат многу брзо.