Ford ја освежи Kuga, додаде и 1.5-литарски турбодизел во понудата – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford ја освежи Kuga, додаде и 1.5-литарски турбодизел во понудата

Синиот Овал ја претстави освежената Kuga – популарниот SUV на Ford доби значително визуелно освежување, но и нов 1.5-литарски TDCi турбодизел со 120 коњски сили!

Популарниот SUV на Ford добива нов, поагресивен лик кој влече инспирација од другите вакви модели на брендот. Со фејслифтот доаѓаат и нови биксенонски предни светла со LED дневни светла, а задниот дел добива целосно нови задни светла и редизајниран браник. Визуелните измени ги заокружуваат нови 17, 18 и 19-инчни тркала.

Најважниот новитет во ентериерот е новиот 8-инчен мултимедијален уред со SYNC 3 систем кој поддржува Apple Carplay и Android Auto функционалности. Веќе ја нема традиционалната рачна кочница која сега е заменета со електронска, а редизајнриан е и управувачот кој сега може да се нарача со загревање.

Сепак, приматот го зема новиот 1.5-литарски TDCi турбодизел кој за прв пат се вградува во Kuga. Моторот кој нуди 120 коњски сили ќе може да се нарача само со погон на предните тркала, но ветува потрошувачка од само 4.4 литри на 100 километри. Секако, во понудата остануваат 2-литарскиот TDCI со 150 коњски сили, како и 180-коњската изведба на истиот мотор. За оние кои сакаат бензинци, тука е 1.5-литарскиот EcoBoost кој може да се добие со 120, 150 или 180 коњски сили. Купувачите можат да изберат меѓу погон на предните или сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.