Volkswagen го претстави освежениот градски малишан Up! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го претстави освежениот градски малишан Up!

Малиот up на Volkswagen го доби своето „затегнување“ – а со него пристигна дискретно изменет лик, но и нов 1-литарски TSI турбо-бензинец!

Урбаниот малишан на Volkswagen доби дискретно затегнување на брчките – познавачите ќе препознаат нов преден браник со интегрирани светла за во свиоци, светла за магла, нови предни светлосни групи со интегрирани LED дневни светла, поголеми странични ретровизори, изменети задни светлосни групи и затегнат заден браник.

Купувачите ќе можат да изберат меѓу 13 бои на екстериерот, девет опции за графички додатоци, десет различни дизајни за централната конзола и опција за амбиентално осветлување. Во ентериерот Up добива нов мултифункционален управувач, автоматска клима, можност за USB и Bluetooth поврзување и Beats аудио систем.

Секако, можеби најважниот новитет е новиот 1-литарски TSI турб0-бензинец. Моторот има три цилиндри и во соработка со турбополнач нуди 90 коњски сили. Во комбинација со мануелен менувач, овој мотор му овозможува на малиот Up да забрза до 100 километри на час за само 10 секунди и да има максимална брзина од 185 километри на час!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.