Официјално: Ова е новиот Vision S концептен SUV на Skoda! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Ова е новиот Vision S концептен SUV на Skoda!

Чешкиот производител реши да објави официјални фотографии, но да ги сподели и техничките детали околу новиот Vision S концептен SUV.

Како што веќе навестуваа скиците, линиите на автомобилот се остри и јасни, а според Skoda концептот го користи тековниот дизајнерски јазик на брендот кој е „под влијание на чешкиот Кубизам и традициата на Боемската кристална уметност.“ Концептот е 4.7 метри долг, 1.91 метар широк и 1.68 метри висок. Меѓуоскиното растојание е 2.79 метри, и ова е прв автомобил на Skoda кој нуди шест седишта во три реда.

Веднаш се забележуваат тенките предни светлосни групи, големиот поклопец на моторот и минималистичкиот пристап околу дизајнот. Концептот е придвижуван од хибридна погонска единица која комбинира 1.4-литарски TSI турбо бензинец со 156 коњски сили и 250 Nm вртежен момент со електромотор кој нуди дополнителни 55 коњски сили и 220 Nm вртежен момент. Силата се пренесува кон предните тркала преку шест-степен DSG менувач со двојна спојка.

skoda-visions-concept2

За придвижување на задните тркала е задолжен втор електромотор кој нуди 116 коњски сили и 270 Nm вртежен момент. Овој мотор работи независно од оние задолжени за предните тркала, па автомобилот има погон на сите четири тркала без никаква механичка спојка. Според она што е објавено, Vision S забрзува до 100 километри на час за 7.4 секунди и постигнува максимални 200 километри на час.

Дополнително, концептот може да помине до 50 километри на електрична енергија, а целосната автономија е 1000 километри. Потрошувачката на гориво може да биде екстремно ниска – во идеални услови само 1.9 литри бензин на 100 изминати километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.