Наскоро доаѓа новиот Volvo V90, а ова е неговата семејна историја – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наскоро доаѓа новиот Volvo V90, а ова е неговата семејна историја

Караваните на Volvo за многумина се синоним за она што значи едно возило да биде караван – а новиот V90 ветува дека повторно ќе постави нови правила – па да се навратиме на неговата историја!

Големи, комфорни и практични – тука во CARclub сме фанови на караваните. Едноставно, има нешто „кул“ во нив – а еден од најлегендарните брендови кога станува збор за каравани е токму шведскиот Volvo.

Шведскиот бренд ја изгради својата репутација и добар дел од својата историја врз основа на овие практични, привлечни и безбедни автомобили – и низ изминативе шест децении продаде повеќе од шест милиони вакви автомобили низ целиот свет – третина од сите автомобили кои Volvo ги има продадено. Бидејќи премиерата на новиот V90 (базиран на новиот S90 седан) е закажана за 18-ти Февруари, решивме дека ова е одлична можност да се навратиме на историјата на караваните на Volvo.

1. 1953 – Volvo Duett
Volvo Duett

Volvo Duett

Duett е првиот караван на компанијата. Автомобилот е лансиран во далечната 1953-та година и е еден од првите Volvo автомобили кои пристигнале на Американскиот пазар.

2. 1962 – Volvo 221 Amazon
Volvo 221 Amazon

Volvo 221 Amazon

Компанијата го искористи искуството од Duett за да понуди порафиниран и поелегантен автомобил, но истовремено да понуди и поголем багажен простор.

3. 1971 – Volvo 1800 ES
Volvo 1800 ES

Volvo 1800 ES

Еден од најпознатите и најпопуларните Shooting Brake модели во историјата на автомобилите. Истакнувајќи ги своите премиум амбиции, Volvo го конструираше легендарниот 1800 ES да може да собере палки за голф во багажниот простор, но истовремено да го задржи спортскиот карактер.

4. 1974 – Volvo 245
Volvo 245 Turbo

Volvo 245 Turbo

Легендарниот 245 е можеби најпрепознатливиот караван на Volvo на сите времиња. 245 се произведуваше скоро 20 години и беше првиот караван со турбо-полнет мотор. Ова е автомобилот со кој Volvo стана вистински препознатлив за правење на практични, просторни и (во 245 Turbo варијантата) брзи каравани.

5. 1990 – Volvo 960
Volvo 960

Volvo 960

960 беше последниот модел на Volvo со погон на задните тркала. Моделот го карактеризираа понежни линии, но истовремено и доволно простор за сè што можете да замислите.

6. 1994 – Volvo 850 T5-R
Volvo 850 T5-R

Volvo 850 T5-R

Со налудничавиот 850 T5-R претставен во 1994, Volvo покажа дека сè уште знае да се забавува. Овој караван можеже да се пофали со 240 коњски сили и забрзување до 100 километри на час за само 6.9 секунди – бројки кои и денес се повеќе од респектабилни. Со овој модел Volvo се впушти и во трки – и постигна забележителен успех во BTCC.

Поврзано:  EX60 ќе биде првото возило на новата SPA3 платформа на Volvo



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.