Новиот, помал SUV на Audi ќе го носи името Q2, а се очекува неговата премиера да се случи на саемот на автомобили во Женева!
Според познавачите, новиот Q2 ќе биде поставен на модуларната MQB платформа на Volkswagen групацијата, но ќе ги носи моторите кои се нудат во малиот А1 – па купувачите ќе можат да одберат меѓу три и четири-цилиндтрични турбо-бензинци и турбодизели. Секако, неизбежна е опцијата за DSG автоматски менувач со двојна спојка, а можеме да претпоставуваме дека ќе се нуди и некава варијанта на Quattro погонот на сите четири тркала.
Ова е целосно нов модел на Audi, односно влез во сегмент во кој досега не биле присутни – па интересна е изјавата на Steffen Tarashti – еден од луѓето одговорни за маркетинг во Audi – „Ако имате претходен модел, имате водич за наследникот. Овој водич недостасува за нов модел – и со тоа имаме целосно нови можности. Можеме да ја искористиме таа слобода за новиот модел и да понудиме најдобар можен автомобил.“