М дивизијата на BMW смета дека хибридната идина е неизбежна за сите автомобилски производители, и токму затоа компанијата ќе го следи овој пат во иднина.
Подпретседателот на BMW M – Дирт Хакер потврди дека иднината на спортските модели е хибридна и дека оваа технологија ќе се користи не само за да се намалат емисиите на издувни гасови, туку и за да ги направат автомобилите уште побрзи и поагресивни.
Дополнително, тој го изнесе своето мислење дека купувачите на BMW не се фанови на целосно електрични производи. Всушност, тоа значи дека не постои шанса да видиме целосно електричен модел на BMW М, барем во блиска иднина. Наместо тоа, дивизијата ќе почека хибридниот систем да биде соодветен за подлабока интеграција во M моделите – а тоа значи дека ќе добиеме комбинација слична како кај Ferrari LaFerrari и Porsche 918.