Среќен роденден – автомобилот денес полни 130 години! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Среќен роденден – автомобилот денес полни 130 години!

На денешен ден – пред цели 130 години е регистриран пронајдокот на Карл Бенз – првиот автомобил во светот!

Без разлика како гледате на тоа – тоа беше документот кој го придвижи светот. На 29ти Јануари, во сега веќе навистина далечната 1886-та година Carl Benz го поднесе барањето за неговиот патент за „возило придвижувано од бензин.“ Ова е вистинскиот роденден на автомобилот. Подоцна истата година, Gottlieb Daimler ја направи неговата моторизирана кочиња, и во 1886-тата година започна 130-годишната успешна приказна на Mercedes-Benz.

mb-firstcar2

„Изводот од матичната книга на родените“ го носи бројот DRP 37 435. Тоа е бројката за барањето за патент поднесено од страна на Carl Benz во Берлин, и овој документ кој е стар 130 години е вистинско сведочење за иновативниот дух, креативната моќ и визијата на овој голем инженер. Интересно е да се напомене дека од 2011-та, овој документ е дел од Memory of the World програмата на УНЕСКО, а таму се наоѓаат и Гутенберговата библија, Магна Карта и уште многу други важни документи од нашата историја.

Како сето тоа започна?

Karl Benz го направил првиот автомобил во 1885-тата година. За да го направи тоа, тој вградил едно-цилиндричен, четиритактен мотор во специјално дизајнирана шасија. Моторот имал капацитет од 954 кубни сантиметри, и при 400 вртежи во минута нудел 0.75 коњски сили. Максималната брзина била 16 километри  на час, а овој уникатен автомобил со три тркала бил навистина нов – целосно самоносечки, само-придвижувачки автомобил придвижуван од мотор со внатрешно согорување.

mb-firstcar3

Изминативе 130 години, иновациите кои Mercedes-Benz ги претставува пред фановите и купувачите се изградени врз основа на успехот на Karl Benz. Иновациите кои се во интерес на безбедноста, комфорот, ефикасноста и довербата во автомобилите. Со модерните иновации кои вклучуваат автономно возење, интелигентно поврзување на автомобилите и електромобилност, Mercedes-Benz ја најавува иднината на автомобилите. Всушност, компанијата продолжува по истиот визионерски пат по кој Carl Benz одел кога за прв пат побарал да му се одобри патент за неговиот автомобил.

Среќен роденден, автомобилу!

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Ова е целосно-новиот Mercedes-Benz CLA



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.