Официјално: Porsche 718 Boxster – 35 коњски сили повеќе, 13 проценти поекономичен! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Porsche 718 Boxster – 35 коњски сили повеќе, 13 проценти поекономичен!

Porsche официјално го претстави освежениот Boxster – кој освен новото име, добива и нови, четири-цилиндрични, поекономични и помоќни турбо-мотори!

Да, добро прочитавте – новиот 718 Boxster, односно новиот Boxster S сега има нови, четири-цилиндрични турбо мотори. 718 Boxster добива нов турбо-бензинец со четири цилиндри со зафатнина од 2 литри, кој испорачува 300 коњски сили и 380 Nm вртежен момент – 35 коњски сили, односно 100 Nm повеќе од 2.7-литарскиот атмосферски бензинец кој го заменува. Со овој мотор, на 718 Boxster му требат 4.7 секунди до 100 километри на час, а максималната брзина е 275 километри на час. Во однос на претходникот, забрзувањето е скратено за 0.8 секунди.

Помоќниот 718 Boxster S добива поголем, 2.5-литарски турбо-бензинец кој има турбина со варијабилна геометрија. Овој мотор испорачува 350 коњски сили и 420 Nm вртежен момент – идентично зголемување од 35 коњски сили во однос на претходникот, но вртежниот момент се зголемува за 60 Nm. Во однос на претходникот е побрз за 0.6 секунди „до стотка“, за што му требаат 4.2 секунди, а максималната брзина е 285 километри на час.

Според Porsche, новите мотори не само што се помоќни и нудат забележително повеќе вртежен момент, туку се и до 13% поекономични во однос на атмосферците кои досега се нудеа. Дел од зголемената економичност се должи на „виртуелните брзини“ кои сега се достапни кај PDK менувачот со двојна спојка, кои му овозможуваат на менувачот делумно да избере две соседни брзини, за да добие соодветен „меѓу-степен“ и да ја подобри економичноста при крстарење.

Во однос на дизајнот, можеби и нема да забележите позначителни промени, иако од Porsche кажуваат дека „дизајнот е комплетно ревидиран, освен поклопците на багажниот простор, ветробранското стало и мекиот покрив“. Ќе забележите нови предни и задни светлосни групи, дискретно изменети браници и уште некои ситници, а во ентериерот се забележуваат нов управувач и нов мултимедијален уред со екран чувствителен на допир.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Porsche ги претстави новите 911 GT3 и 911 GT3 Touring!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.