Hyundai конечно целосно го откри IONIQ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai конечно целосно го откри IONIQ

По многуте најави и внимателното откривање, корејскиот производител конечно целосно ги тргна покривките од високо-технолошкиот IONIQ!

Hyundai го нарекува IONIQ „напредно, компактно возило со алтернативно гориво,“ а сега конечно можеме целосно да го видиме дизајнот на новиот хибриден автомобил на корејскиот производител – новиот модел кој ќе се впушти во борба со добро-докажаните ривали.

Секако, IONIQ е оптимизиран за аеродинамика, па затоа и го има оној специфичен облик кој веќе го очекуваме кај високо-економичните и ефикасните автомобили. Покрај формата, тука се и системите за активна и пасивна аеродинамика, благодарение на кои IONIQ има коефициент на отпор од само 0.24 Cd. Од напред се забележува дизајнерскиот јазик на Hyundai, но она што ни се доапаѓа е дека IONIQ изгледа како секојдневен автомобил, без да биде непотребно „радикален“ само колку да привлече внимание.

Како што веќе напоменавме, IONIQ ќе нуди три различни погони – ќе може да биде целосно електричен, плаг-ин хибриден, или класичен хибрид. Купувачите ќе можат да изберат меѓу девет различни бои, како и три различни материјали со кои ќе биде обложен ентериерот. Меѓу технологиите кои ќе бидат дел од IONIQ се вбројуваат и Apple CarPlay односно Android Auto, 7-инчен мултимедијален дисплеј, автономно сопирање во итни случаи, систем за следење на лентата на движење, итн. Хибридниот модел ќе пристигне во Европа во втората половина од оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.