Buick Avista – концепт за луксузно купе со 400 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Buick Avista – концепт за луксузно купе со 400 коњски сили

Според она што го најавуваат, Buick се враќа кон своите корени благодарение на Avista – концептот кој носи твин-турбо V6 со 400 коњски сили!

„Површините на Avista имаат елегантна едноставност, а тоа зборува за перформансите на автомобилот“ – изјави Bryan Nesbitt, одговорниот за дизајн во Buick. Ние мораме да се сложиме со него – Avista изгледа одлично.

Според познавачите, Avista ја користи платформата од Camaro, а според она што е веќе објавено, под поклопецот се крие нов твин-турбо V6 кој испорачува 400 коњски сили – кон задните тркала, секако. Моќта се пренесува преку 8-степен автоматски менувач, а дел од равенката е и Magnetic Ride Control суспензијата на General Motors.

Интересниот концепт изнуди многу реакции кај јавноста, а бидејќи користи веќе постоечки технологии, не би биле изненадени доколку во многу блиска иднина видиме луксузен конкурент на Camarо – кој секако ќе ја носи Buick значката.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.