Седмицава ја започнуваме со емотивно и прекрасно видео направено од Италијанскиот оддел на брендот Audi и снимено во скијачкиот центар Мадона Ди Кампиљо!
Видеото ни го покажува 81-годишниот Џино Бурини – поранешен Италијански скијачки шампион, кој раскажува дел од неговата животна приказна и на кој начин моделот Audi RS6 му овозможува да осети дел од одамнешната возбуда на скијачките патеки. За тоа е заслужен познатиот Quattro погон, збогатен со звукот од 4-литарскиот V8 TFSI бензинец.
Погледнете го видеото и уживајте!