Само денови не двојат од премиерата на новата E-Class на Mercedes-Benz, па за да не подготви за тоа, германскиот производител објави видео на кое ги претставува најважните детали од тестирањето на еден од најважните свои модели!
Во ова видео Mercedes-Benz ни објавува некои интересни детали. На пример: новата, 10-та генерација на Е-класата е развивана цели 48 месеци, поминати се 12.000.000 тестни километри, на развивањето работеле 1200 инженери и направени се исто толку прототипови, а тестирано е на четири континенти и тоа на температури од -32 па сè до 60 степени Целзиусови!
Истовремено, направени се 10.000 тестови на автономното кочење и преку 5000 автономни менувања на лентата на движење – сето ова за да го добиеме автомобилот кој ќе ги помести границите во класата и ќе постави нови стандарди.