Hyundai објави дека Manfred Fitzgerald -поранешниот челник на Lamborghini – ќе го земе во свои раце кормилото на новиот Genesis луксузен бренд!
Иако можеби Manfred Fitzgerald не е толку звучно име во автомобилската индустрија, сепак зад овој човек стојат големи имиња и успеси. Fitzgerald своевремено беше Директор за Бренд и Дизајн во Lamborghini цели 12 години, и е човекот кој имаше круцијална улога во десектратното зголемување на продажбата на моделите на италијанскиот производител. Интересно, Fitzgerald не е единствениот човек кој сега е дел од Genesis и кој порано работел во Lamborghini – тука е и Luc Donckerwolke – дизајнерот на Lamborhini Murcielago. Donckerwoke ќе биде на чело на Prestige Design Division како севкупен челник на Hyundai Motor Design центарот.
Fitzgerald со себе носи 20 години искуство и експертиза во сегментот на луксузни возила, особено во нивните маркетинг стратегии. Ова е одлична вест за Hyundai, кои неодамна освоија и признание за квалитет од CarMD како бренд со најниска стапка на расипливост во Северна Америка.