Hyundai продолжува да го најавува IONIQ, потврди дека ќе биде исклучително ефикасен! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai продолжува да го најавува IONIQ, потврди дека ќе биде исклучително ефикасен!

Корејскиот производител објави две нови скици од IONIQ со кои го најавува дизајнот, но и ентериерот на новиот автомобил!

Скицата на надворешноста потврдува дека IONIQ ќе биде седан со препознатливи дизајнерски елементи од Hyundai – започнувајќи од флуидниот дизајн, големите отвори за воздух на предниот дел, но и кровната линија која наликува на сегашната Elantra.

hyundai-ioniq-teaser2-dash

Очигледно е дека дизајнерите на Hyundai имале цел да постигнат елегантен минимализам во ентериерот – забележуваме целосно дигитален панел со инструменти и уште еден екран поставен во централната конзола кој најверојатно ќе се користи за мултимедијалните можности на IONIQ.

Дополнително, Hyundai и официјално потврди дека IONIQ ќе се нуди со три исклучително-ефикасни погони. Купувачите ќе можат да одберат меѓу целосно електричен модел, плаг-ин хибрид со бензински мотори, и класичен хибрид без плаг-ин опција. Според подобро информираните, можеме да ја очекуваме премиерата на IONIQ на саемот на Автомобили во Женева, во Март следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.