Hyundai го најавува целосно новиот IONIQ – ќе нуди три различни електрични погони! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai го најавува целосно новиот IONIQ – ќе нуди три различни електрични погони!

Корејскиот производител ги објави првите детали за целосно новиот IONIQ, кој ќе биде првиот автомобил кој ќе нуди три различни електрични погони во едно возило.

Луѓето од Кореја кажуваат дека името се однесува на комбинацијата од „ion како електрично-наполнет атом“, уникатноста која моделот ќе му ја донесе на Hyundai, и буквата Q која „го истакнува свежиот пристап на овој напреден модел со екстремно ниски емисии.“

Новиот Hyundai IONIQ ќе биде базиран на нова и ексклузивна платформа, од самиот почеток развиена да може да прифати многу повеќе-погонски варијанти. Во понудата ќе постојат неколку изведби – целосно електрично возило, плаг-ин електричен хибрид кој ќе комбинира ефикасен бензинец со електрична енергија од батериите и можност за полнење од стандардната електрична мрежа, и конечно – класичен хибрид кој ќе го користи моторот на внатрешно согорување за да ги полни батериите.

 

Производството на IONIQ ќе започне во Јануари следната година во Јужна Кореја, а европската премиера ќе ја има на Саемот на Автомобили во Женева во Март.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.