Renault ги официјализираше сите детали околу новиот Megane – автомобилот кој наскоро очекуваме да го видиме и кај нас!
Новиот Megane е поголем, поопремен и поекономичен – всушност, новиот хечбек е 64 милиметри подолг, има меѓуоскино растојание зголемено за 28 милиметри, и 47, односно 39 милиметри поширока трага напред и позади. Тоа ќе обезбеди повеќе простор во ентериерот а со тоа и повеќе комфор за патниците.
Во понудата ќе се најдат пет бензински мотори, како и четири турбодизели. Понудата на бензинците ја сочинуваат TCe 100, SCe 115, TCe 130 и TCe 205, додека понудата на дизелите ја сочинуваат dCi 90, dCi 100, dCi 130 и dCi 165. Купувачите ќе можат да го нарачаат и GT-Line – моделот кој доаѓа со поагресивни браници и нагласен спортски карактер – и во моментот тоа ќе биде врв на понудата – сè додека не го видиме екстремниот RenaultSport Megane, секако.
GT-Line ќе се нуди исклучиво со 205-коњскиот 1.6-литарски турбо-бензинец и во комбинација со 7-степен менувач со двојна спојка. Дополнително, ќе може да се добие и 4Control системот за управување на сите четири тркала – систем кој може да го нагоди аголот на задната оска до 100 пати во секунда!
Во ентериерот се користени високо-квалитетни материјали, а главниот акцент е ставен на вертикално-поставениот 8.7-инчен централен дисплеј кој доаѓа со најновиот R-Link 2 софтвер кој нуди многу персонализација и различна функционалност. Продажбата ќе започне во Јануари следната година.