AC Schnitzer му посвети внимание на најновото Mini! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

AC Schnitzer му посвети внимание на најновото Mini!

Тјунерите од AC Schnitzer се меѓу најпознатите тјунери на BMW, но овој пат тие своето внимание му го посветија на најновото MINI – со одлични резултати!

Доработките се како визуелни, така и под кожата – познавачите ќе забележат дека има нов преден сплитер, неколку дискретни измени на екстериерот, но и големи, 19-инчни тркала кои визуелно одлично ги исполнуваат крилата на малиот хечбек. Тука е и спортскиот издувен систем, како и спортски-доработената суспензија благодарение на која малиот MINI e 30 милиметри поблиску до подлогата.

Измените под кожата се исто така дискретни, но тјунерите од AC Schnitzer посветиле многу време на зголемување на вртежниот момент бидејќи „токму вртежниот момент е она што го чувствувате кога се забивате длабоко во седиштето при забрзување.“ Преведено во бројки – тоа изгледа вака: доколку имате Cooper S, од 190 коњски сили и 280 Nm вртежен момент ќе добиете 233 коњски сили и 350 Nm вртежен момент. Доколку ја имате најмоќната, John Cooper Works верзија со 228 коњски сили и 320 Nm вртежен момент – очекувајте 261 коњска сила и дури 390 Nm вртежен момент!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.