Нашите пријатели од Ford во моментов имаат одлична акција и своите модели ги нудат по навистина конкурентни цени! Проверете ја Есенската Колекција на Ford!
Дел од Есенската Колекција се моделите Fiesta, Focus, Mondeo и Kuga – и сите тие се автомобили кои ние веќе сме ги возеле и одлично ги познаваме – па и со задоволство можеме да ги препорачаме!
Сите модели од понудата се во Trend ниво на опрема, и сите доаѓаат со модерен турбодизелски мотор. Понудата започнува со малата Fiesta која се нуди со 1.5-литарски TDCI со 75 коњски сили и чини 10.990 евра. Ние добро ја познаваме Fiesta – прочитајте го нашиот тест!
Еден чекор погоре е одличниот Focus, кој исто така се нуди со турбодизел – но кај Focus тој е со зафатнина од 1.6 литри и нуди 95 коњски сили, а како дел од акциската понуда чини 13.990 евра. Ние неодамна возевме Focus токму со овој мотор – и останавме многу позитивно импресионирани од неговата еластичност, но особено од неговата економичност. Секако, доколку сакате нешто повеќе – тука е и одличниот Focus ST кој го возевме на почетокот на оваа година – во ред, не е дел од тековната акција, но сепак е одличен и забавен спортски хечбек!
За љубителите на теренци, тука е Ford Kuga – големиот SUV на Ford кој нуди одличен баланс меѓу спортско управување и теренски способности. Ние возевме Kuga опремена со 2-литарски TDCi и се уверивме во можностите на теренецот на Ford! Во моментов, можете да добиете Kuga со 2-литарски TDCi со 150 коњски сили за 19.990 евра!
Конечно – на самиот врв е овогодинешниот Автомобил на Годината во Македонија – големото Ford Mondeo! Опремено со 1.6-литарски TDCI со 115 коњски сили, Mondeo може да се добие за 20.990 евра. Ние многу добро го познаваме Mondeo – бидејќи го возевме победничкиот автомобил тука во Македонија, но имавме одлична можност да го запознаеме и при неговото лансирање на настанот за медиуми организиран во Грција!
Комерцијален текст.