Официјално: Mercedes-Benz официјално го претстави освежениот SL! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Mercedes-Benz официјално го претстави освежениот SL!

Луксузното купе-кабрио на Mercedes-Benz го доби својот фејслифт – и со тоа доаѓа во линија со останатите модели на германскиот премиум производител!

Освежениот SL добива нов преден лик, кој го доближува до AMG GT. Ќе препознаете нови отвори за воздух, изменети предни светла со LED дневни светла, редизајниран преден брани и редизајниран поклопецт на моторот. Оние со поостар вид ќе забележат и изменети странични ретровизори. Задниот дел добива дискретно модифицирани задни светла кои сега се целосно црвени, ревидиран браник и нов дифузер. AMG моделот добива и детали од карбон, а во понудата ќе се најдат и нови дизајни на тркала.

Во кабината нема толку многу измени – има нов, поголем дисплеј за мултимедијалниот центар, нов управувач со рамно дно, редизајнирана рачка од менувачот и уште неколку други ситници. Сега за сега нема информации за некакви измени меѓу моторите – но повеќе информации ќе имаме следната седмица кога освежениот SL ќе биде претставен во Лос Анџелес.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.