Mazda претстави ексклузивна MX-5 Sport Recaro Edition – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda претстави ексклузивна MX-5 Sport Recaro Edition

Јапонскиот производител претстави попривлечна верзија на малиот роудстер MX-5 – наречена Sport Recaro Edition – која доаѓа со многу додатоци!

Интересната Mazda MX-5 Sport Recaro Edition ќе може да се нарача само со 2-литарскиот атмосферски бензинец со 160 коњски сили и ќе биде произведена во само 600 примероци. Меѓу другото, купувачите ќе добијат Sports Aero пакет кој доаѓа со преден и заден спојлер, странични прагови, пијано-црни странични ретровизори и 17-инчни фелни. Дополнително, ќе добијат Bilstein амортизери, диференцијал со ограничено пролизгување и дополнителни зацврстувања на шасијата.

Во кабината, купувачите ќе добијат централна конзола обложена со алкантара, алуминиумски педали и најважното – Recaro спортски седишта обвиени во кожа и алкантара и декорирани со црвени опшивки. Меѓу другата опрема се вбројуваат и LED предни светла, дигитално радио, навигација, премиум Bose аудио систем и уште многу, многу други ситници.

Воопшто не би имале против да паркираме едно вакво мало спортско возило во нашата гаража!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.