Range Rover покажува храброст – го претстави Evoque Convertible – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Range Rover покажува храброст – го претстави Evoque Convertible

Неколку производители се обидеа да направат луксузен кабриолет теренец, но тоа се покажа како неуспешно – сега работите се различни – во играта влегува Range Rover Evoque Convertible!

Базиран на најуспешниот модел на Range Rover, Evoque Convertible влетува меѓу конкуренцијата со платнен кров кој може да се собере за само 18 секунди, а да се исправи за 21 секунда – и сето тоа при брзини до 50 километри на час. На возачот и патниците им стојат на располагање 251 литар багажен простор – помалку од 420-те литри кои се нудат кај стандардната верзија, но сепак доволно со оглед на типот на возилото.

Заради измените во структурата, Evoque Convertible е околу 270 килограми потежок во однос на верзијата со тврд покрив, а купувачите ќе можат да изберат меѓу 2-литарскиот турбо-бензинец со 240 коњски сили, како и 180-коњски Ingenium турбодизел кој според најавите треба да троши само 5.1 литар гориво на 100 километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.