SEMA е огромно шоу каде се прикажуваат разни екстремно-модифицирани автомобили, а оваа година меѓу другите модели, Ford ќе прикаже и неколку интересни верзии на Focus ST и Fiesta ST.
Првиот концепт е изработен од CJ Pony Parts и е наменет за улиците но и за тркачките патеки. Овој модел доаѓа со значително изменет погон, поголемо турбо и AirLift суспензија. Дополнително е спуштен блису до подлогата и носи уникатни Fifteen52 Tremac R43 19-инчни фелни. Понатаму, тука Focus ST изработен од Rally Inovations кој доаѓа со екстремен бодикит, заштитен кафез и големи тркала.
COBB Tuning подготви Focus ST наменет за велосипедистите. Автомобилот доаѓа со изменет погон и суспензија, како и стајлинг додатоци во форма на нова боја и Rotiform DUS тркала. Конечно, тука е и Focus ST изработен од FSWERKS кој комбинира едноставен дизајн со засилен мотор, изменет менувач, поголеми кочници, преработена суспензија и уште некои други детали.
Покрај модифицираните примероци на Focus ST, тука се и модифицираните примероци на Fiesta ST. Првата е од Cinemotive Media кои го трансформираа малиот хечбек во возило за поддршка на велосипедисти. Има интересен бодикит, пониска суспензија и интересни детали во мат сива и златна боја. Конечно, тука е и Fiesta ST од DSPORT кои ги побарале лимитите на малиот 1.6-литарси EcoBoost турбо-бензинец и го навиле на преку 400 коњски сили, но и го подготвиле овој екстремен хечбек за трки!