Со новиот концепт кој го покажа на Токиското мотор шоу, Mazda ни понуди одличен пример за тоа што можеме да очекуваме од спортските модели на јапонскиот бренд!
Според она што го кажуваат од Mazda, ова е само концепт, но сепак „претставува визија за иднината која еден ден Mazda би сакала да ја претвори во реалност – спортско возило со моторот напред и погон на задните трала“ со „KODO-инспирирани пропорции и придвижуван од следната генерација SKYACTIV-R ванкелов мотор.“
Да, добро прочитавте! Концептот на Mazda користи роторен мотор! Концептот е долг 4389 милиметри, широк 1925 милиметри и висок само 1160 милиметри. Меѓуоскиното растојание изнесува 2700 милиметри, а автомобилот е поставен на 2о-инчни тркала обвиени во 245/40/20 гуми напред и 285/35/20 гуми позади. Ентериерот е едноставен и функционален, а многу внимание е посветено на намалување на тежината – нешто што веќе се навикнавме да го очекуваме од внимателните инженери на Mazda.
Mazda не објавува ништо околу SKYACTIV-R моторот, но сепак кажуваат дека „ја истакнува одлучноста на компанијата да ги прифати предизвиците на аспирациите кои контрираат на конвенционалното со најнови технологии.“ Интересно!