Целосно новиот Hyundai Tucons вечеравечер на гала настан беше промовиран пред македонската јавност – а цените започнуваат од 18.490 евра!
Новиот Tucson најавува нова ера во приказната на Hyndai. Храбриот и привлечен дизајн, модерните мотори и доверливата технологија се само некои од аргументите кои Tucson ги има на својата страна.
Минатата вечер беше резервирана за официјалната премиера на новиот Tucson во Македонија. На гала настан, импортерот на Hyundai во Македонија – Korea Auto Trade го претстави новиот Tucson кој е еден од најважните модели на брендот.
Цените на новиот Tucson започнуваат од 18.450 евра за модел опремен со 1.6-литарски атмосферски бензинец со 132 коњски сили и погон на предните тркала. Цената на основниот турбодизел е 21.490 евра, а најскапиот модел е Tucson 2.0 CRDI со 2-литарски турбодизел со 185 коњски сили, погон на сите четири тркала и Elite ниво на опрема – кој чини 34.490 евра.