KIA ја претстави новата европска Optima; доаѓа GT модел со 245 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

KIA ја претстави новата европска Optima; доаѓа GT модел со 245 коњски сили!

Кога новата Optima ќе пристигне во Европа, дел од понудата ќе биде и врвниот GT модел кој од 2-литарскиот турбо-бензинец ќе има на располагање 245 коњски сили!

Новата Optima GT ќе добие преработена и поспортска суспензија, поагресивен бодикит со нагласен спортски карактер – но најважниот новитет е токму 2-литарскиот турбо-бензинец! Овој мотор ќе нуди 245 коњски сили при 6000 вртежи во минута и 353 Nm вртежен момент од 1350 до 4000 вртежи во минута.

Optima GT ќе се нуди исклучиво со автоматски менувач, а бенчмаркот од 100 километри на час ќе се постигнува за 7.4 секунди. KIA ветува потрошувачка од само 8.2 литри на 100 изминати километри. Новата Optima треба да се појави во салоните кон крајот на оваа година, а GT моделет ќе започне со продажба набргу потоа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.