M-дивизијата на BMW го претстави својот најнов монструм – M6 Competition Edition кој има 600 коњски сили и постигнува 305 километри на час!
Војната на коњските сили меѓу германските производители не само што не запира, туку е во полн ек – а најновиот воин доаѓа од M-дивизијата на BMW и има 600 коњски сили и 700 Nm вртежен момент благодарение на 4.4-литарскиот твин-турбо V8 бензинец!
Благодарение на овој мотор, M6 Competition Edition може да постигне максимални 305 километри на час. Лимитираниот модел ќе се нуди во две бои – Alpine White и Austin Yellow. Доколку изберете бела боја, ќе добиете и декоративни детали во традиционалните BMW M бои. Во ентериерот ќе добиете мерино кожа, многу детали од карбон и уште многу други ситници.
Доплатата за M6 Competition Edition во Германија ќе биде 17.700 евра.