Футуристичкиот концепт на Mercedes-Benz ја менува својата форма во зависност од брзината – и благодарение на тоа е светски рекордер во аеродинамичност!
Според Mercedes-Benz, нивниот Concept IAA е светски рекордер во аеродинамичност со коефициент од само 0.19Cd, а сето тоа се должи на иновативната каросерија која продолжува при брзини поголеми од 80 километри на час.
Осум подвижни сегменти на задниот дел го продолжуваат купето до 390 милиметри, а активна аеродинамика на предниот браник го продолжува за дополнителни 25 милиметри. Интересни се и тркалата кои исто така имаат систем за активна аеродинамика и „се израмнуваат“ со цел да се подобри движењето на воздухот.
Задолжен за придвижување на концептот е хибриден погон кој нуди вкупно 275 коњски сили. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час. Автономијата изнесува меѓу 62 и 6 километри, во зависност од режимот во кој е возилото.