Со две официјални скици, Volkswagen ја најавува втората генерација на популарниот компактен SUV – Tiguan!
Според она што можеме да го видиме од скиците, новиот Tiguan ќе има затегнати линии и модерен дизајн кој влече инспирација како од Golf, така и од новиот Passat.
Сепак, ќе мораме да причекаме уште малку додека да го видиме и официјално новиот Tiguan, чија премиера е закажана за саемот на автомобили во Франфурт.