Нови сојузници во бизнисот – промовирани новите Volkswagen Caddy 4 и Volkswagen T6! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нови сојузници во бизнисот – промовирани новите Volkswagen Caddy 4 и Volkswagen T6!

Вчера во салонот на Volkswagen во Скопје беа промовирани новите комерцијални возила на Volkswagen – и тоа популарниот Caddy и робустниот T6!

Попрецизен дизајн, повеќе простор, намалена потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови се само дел од перформансите кои се заеднички за двата нови модели на брендот Volkswagen – комерцијални возила. Новите Caddy 4 и Transporter T6 кои се окарактеризирани како моќни, безбедни и дизајнерски унапредени возила, вчера беа промовирани во салонот Volkswagen на „Порше Македонија“.

Volkswagen Caddy секогаш е вистински избор за клиентите, бидејќи тоа е вистинското возило – агилен урбан пикап кој е пријателски настроен кон бизнисот. Новото Caddy дополнително е оптимизирано со цел да ги исполни и да ги задоволи различните потреби на клиентите. Caddy сега е поголем, попрактичен и помоќен за сите комерцијални клиенти, а во исто време тој има повеќе стил и висок квалитет. Новото Caddy 4 има поголема употребна вредност и атрактивна цена.

„И двете возила ги задоволуваат строгите ЕУ 6 стандарди, а на клиентите ќе им се допадне големата флексибилност на новите Caddy 4 и Transporter T6. Caddy 4 може брзо да се преобрази од возило со седум седишта до товарно возило со две седишта. Новото Caddy ги нуди најдобрите транспортни решенија за секоја ситуација во животот. Бројните иновативни решенија го прават Caddy идеално возило за трговските компании, за компаниите од услужниот сектор, за бизнис клиентите и за семејствата.“ – објасни г-динот Александар Цветковски продукт менаџер во „Порше Македонија“ претставувајќи ги напредните системи кои се вградуваат кај новите Volkswagen Caddy 4 и Transporter T6.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.