Францускиот производител продолжува со офанзивата на привлечни и храбро-дизајнирани модели, и токму новиот Mégane е моделот кој го доби своето првично претставување!
Новиот Mégane ги следи дизајнерските насоки од привлечниот седан Talisman, но во значително покомпактна форма. Иако сега за сега сè уште нема никакви официјални информации околу моторите кои ќе се вградуваат во новиот Mégane, можеме да очекуваме грст различни бензински TCE и дизелски DCi мотори, а не се исклучува ниту можноста за хибридна или електрична верзија понатаму во животниот век на моделот.
Сепак, ќе мораме да причекаме уште малку да стигнат официјалните податоци кога новиот Mégane ќе ја има својата официјална и целосна премиера на саемот на автомобили во Франкфурт. Од фотографиите веднаш забележуваме дека уште на самиот старт ќе бидат прикажани две верзии – едната е обичната изведба, додека втората е поспортската GT изведба. Се шпекулира дека најмоќната RS верзија ќе биде придвижувана од 1.8-литарски турбо-бензинец кој ќе испорачува околу 280 коњски сили!