Официјално претставен Bugatti Vision Gran Turismo – дали го најавува наследникот на Veyron? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално претставен Bugatti Vision Gran Turismo – дали го најавува наследникот на Veyron?

Bugatti го претстави својот виртуелен тркач, но концептот ќе има своја премиера и во вистинскиот свет – дали во Франкфурт ќе ја видиме најавата за наследникот на Veyron?

Инспириран од богатата тркачка историја на брендот, Vision Gran Turismo е посветен на победите на Bugatti Type 57 на Le Mans во 1937 и 1939. Веднаш се забележува класичната двобојна комбинација, но да бидеме реални – ова не е ретро автомобил.

Се забележува и дизајнерскиот јазик на Veyron, особено со големите конвексни површини и острите линии. Големиот број „16“ поставен на предната маска сугерира дека концептот е придвижуван од големиот W16 мотор и дека сигурно има повеќе од доволно сила на располагање.

Според Frank Heyl, одговорен за дизајн на екстериер во Bugatti, тие сакале да направат проект кој е колку што е можно пореалистичен, и да стават вистинско Bugatti во виртуелниот свет на Gran Turismo. „Секоја дизајнерска карактеристика е дефинирана од нејзината функција. Bugatti Vision Gran Turismo е перфектната симбиоза меѓу инженеринг и естетика“ – додаде тој.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.