Јапонската тјунерска куќа DAMD подготви бодикит за новата Mazda CX-3, со кој малиот кросовер станува уште поагресивен и со уште понагласени спортски претензии!
Бодикитот содржи додаток на предниот браник, со што CX-3 изгледа пониска до подлогата, нови странични прагови и додатоци на најнискиот раб, како и нов заден браник. Задниот дел добива и нов спојлер и нов дифузер. Во додатокот на предниот браник се забележуваат нови LED дневни светла.
Сите овие додатоци ќе бидат достапни во Октомври, а ќе може да се нарачаат и уникатно преработени седишта и други детали во ентериерот. Нам пакетот ни изгледа одлично – и одлично одговара на малиот CX-3 кој ние неодамна го возевме!