Новиот салон на Jaguar и Land Rover е во финални фази на подготовка и наскоро ќе биде официјално отворен, но на купувачите веќе им се достапни британските премиум автомобили!
Продажниот салон на Премиум Аутоцентрум е скоро подготвен за свеченото отворање. Во тек се завршните подготовки и се „пеглаат“ последните детали, а ние решивме да го посетиме и од поблиску да ги видиме британските премиум автомобили. Во салонот видовме Jaguar F-Type, седанот XF како и големиот XJ, а од моделите на Land Rover беа изложени големиот Range Rover, малиот Evoque, како и Range Rover Sport. Ни најавија дека до официјалното свечено отворање на салонот (кое е закажано за почетокот на Септември) ќе пристигнат и Land Rover Discovery Sport, легендарниот Land Rover Discovery, како и новиот Jaguar XE.
Секако, новиот салон ќе добие и целосно опремен сервисен центар, подготвен да одговори на барањата на сите купувачи на овие луксузни автомобили, а во секој момент ќе има голема резерва на резервни делови за овие возила. Нам ни останува да почекаме и официјално да се отвори салонот, и да можеме да седнеме зад воланот на овие несекојдневни автомобили!
Фотографија: Дејан Маликовски