Со неодамнешниот фејслифт на А-класата на Mercedes-Benz, спортската AMG изведба доби „зајакнување“ од 360 на 381 коњска сила – а сега и останатите AMG варијанти на А-класата го добија истиот третман!
Исто како и кај A-Class, и CLA и GLA моделите сега имаат 21 коњска сила повеќе на располагање – и вкупната бројка расте од 360 на 381 коњска сила. Резултатите се интересни – кај CLA времето потребно да се постигнат 100 километри на час опаќа за 0.4 секунди, и сега на автомобилот му се потребни 4.2 секунди (односно 4.3 кај CLA Shooting Brake) да го постигне бенчмаркот. Дополнително, сите автомобили го добиваат и опционалниот AMG Dynamic Plus кој доаѓа со механички преден диференцијал, како и преработени односи на брзините од вториот до седмиот степен на пренос.