Дилерот на Aston Martin од Милано оствари несекојдневна соработка со познатиот производител на шампањ – во форма на Rapide S трансформиран во визба за популарниот пенлив пијалок!
Во задниот дел на овој Rapide S ќе најдете рачно-изработен дел наменет за транспорт на три шишиња Dom Perignon од 1998-ма година, како и две кристални чаши и два отворачи за шишиња. Сега сега ова е само промотивен автомобил кој ќе се појави на разни настани во Италија во следните месеци, но веќе е најавено дека Aston Martin ќе го нуди ова и на крајните корисници како специјална опрема која ќе се вика Deuxième Plénitude Special Kit.
Доколку решите да го нарачате овој пакет за вашиот Aston Martin Rapide, можете да спиете мирно знаејќи дека нема да го изгубите багажниот простор – кога нема да ви биде потребен, можете да го извадите пакетот и да ги ослободите целосни 317 литри багажен простор.