Германскиот производител е навистина горд на новиот хечбек – а деталот на кој ќе му посветиме внимание утринава се токму седиштата во новата Astra!
Развојот на новите седишта траел скоро пет години, а на нив ќе видиме материјали кои „дишат“, полесен, перфориран полиуретан и ултра-цврста челична конструкција. Сите овие новитети придонеле кон намалување на тежината на седиштата за цели 10 килограми!