Секогаш треба да се стремиме на нашите автомобили да им ја обезбедиме најдобрата грижа – за секогаш безбедно и комфорно да стигнеме до нашата дестинација – а сервисот на Ми Да Гранд Моторс со задоволство ќе им помогне на сите сопственици на Ford!
Поседувањето вистински автомобил влијае на едноставноста на нашето секојдневие. Ford се докажува како омилен избор во автомобилската индустрија, особено во класата на урбани автомобили поради квалитетот на возилата кои секоја серија се сè пософистицирани и извонредно прилагодени на потребите на корисниците и поради грижата на производителите но и пристапот на дистрибутерите на Ford возилата кон корисниците на овој бренд.
Креаторите на Ford знаат дека купувањето автомобил не е инстантна одлука заснована само врз емотивниот импулс кон брендот или возилото. Освен техничките детали околу функционалноста и естетските елементи, за корисниот многу е важно дали брендот ќе успее да одговори на потребната поддршка за време на користење на автомобилот.
Досегашната позитивна оценка од корисниците на Ford автомобилите покажува дека Ми-Да Гранд Моторс како овластен и ексклузивен импортер на Ford во Македонија, 20-години одговара на секој предизвик за подобрување на комуникацијата и услугите кон корисниците. Во ексклузивниот салон на Ми-Да Гранд Моторс се чувствува испреплетеност на модерниот дизајн на возилата со квалитетот и професионалноста на персоналот. Од самиот влез, посетителот не може да одолее на беспрекорниот изглед на овој салон, највисокото ниво на организираност и грижата за клиентот.
Што се случува два спрата под овој префинет изложбен салон?
Се случува она со кое Корпорацијата Ford и Ми-Да Гранд Моторс успеваат да создадат нови стандарди во автомобилската индустрија Модерен и софистициран сервисен центар за корисниците на Ford и Volvo автомобилите распространет на 2460 м2.
Сите може да препознаеме „убав“ автомобил, но вистинското искуство со возилото и реалното доживување се креираат откако ќе се почне со негово користење. Автомобилот бара грижа и техничка поддршка за секој негов дел, на секој негов детаљ. Сервисниот центар на Ми-Да Гранд Моторс, како официјален сервис на Ford и Volvo за Македонија, се грижи за беспрекорноста на секоја од илјадниците компоненти на Вашето возило и неговата подготвеност за безгрижно возење.
Опременост и подготвеност
- Сервисниот центар на Ми-Да Гранд Моторс е инвестиција, односно влог во задоволството на своите корисници, инвестиција којашто опфаќа:
- стручно и едукативно подготвен технички персонал
- едукативна и стручна подготвеност за не-техничкиот персонал
Инфраструктурна Инвестиција:
- 17 дигалки за поправка на возилата
- тестер за сопирачки и амортизери,
- комори за фарбање и припрема,
- над 500 видови различен единствен и уникатен алат за сервисирање на Ford и Volvo возилата,
- специфични софтвери за дијагностицирање – интегриран систем кој врши дијагностика на системски грешки, детектирање на оштетeни делови, софтверско ажурирање.
Како единствен овластен сервисен центар на Ford и Volvo возилата, Ми – Да Гранд Моторс сервисниот центар е официјален застапник на сите оригинални делови за возилата на Ford и на Volvo кои се произведени директно од страна на Форд Мотор Компани и Волво. При секоја поправка или замена на некој дел, Ми – Да Гранд Моторс сервисниот центар, на своите клиенти им го враќа стариот заменет дел заедно со извештајот за извршениот сервис, како потврда за квалитетот на услугата.
МОЈ СЕРВИС
Запознајте се со МОЈ СЕРВИС – он – лајн апликацијата и услуга за закажување на сервис, која може да ја најдете на официјалната интернет страна на ФОРД за Македонија – www.ford.com.mk. Употребата на оваа апликација е многу едноставна. Со пополнување на податоци како: модел, година, вид на мотор и време кога сакате да го закажете вашиот сервис (или проверка), Вие може да го резервирате терминот за сервис. Секако следи и телефонска комуникација со одделот за грижа на корисници на Ми-Да Гранд моторс, кои ќе ја потврдат резервацијата.
Како корисник на Ford, Ваше е само да го донесете возилото во Ми-Да Гранд Моторс, а потоа комфорно може да уживате во Вашето кафе и опуштено да размислувате за Вашата следна дестинација.
Секој клиент станува партнер на Ми-Да Гранд Моторс, со заедничка цел – што подобро и посигурно функционирање на возилото. Комуникацијата е континуирана за сите прашања и евентуални проблеми.
Затоа, не ризикувајте да плаќате два пати. Одете на сигурно! Кога е во прашање исправноста, односно безбедноста на Вашиот автомобил, не треба да има компромис.
CARclub Искуства
Официјални претставници на сервисот на Ford се присутни и на нашиот форум, и редовно комуницираат со нашите членови и посетители. Покрај одличната соработка, неретко нудат и стручни совети и специјални пакети за нашите членови, и со гордост можеме да пренесеме позитивни искуства од форумџиите – меѓу кои е и „форумската“ Ford Fiesta која мораше да добие дискретни естетски корекции за да се врати во идеална состојба
Нашиот член го кажа следното: „Презадоволен и од услугата, и поправката. Благодарност и до Докторот и до Лимарот за професионалноста, и особено за неколкуте дополнителни работи кои ги средија, без да им напоменам. Секоја чест!“
CARclub секогаш го препорачува квалитетот – и ние самите, преку нашите членови имавме можност да се убедиме во професионалноста и подготвеноста на тимот на Ми-Да Гранд Моторс.
Извор: PR Ford