Баварскиот производител најавува значителна промена во начинот на кој нивните спортски возила ќе ја испораччуваат силата – најверојатно следните М-модели ќе немаат рачен менувач!
„Од техничка гледна точка, иднината не изгледа светло за мануелните менувачи. DCT и автоматските менувачи се побрзи и нудат пониса потрошувачка“ – изјави Frank van Meel (шефот на M-дивизијата) за Autocar – „навистина ни е тешко да кажеме дека ќе продолжиме да нудиме мануелни менувачи, но сепак имаме заедница и обожаватели кои ги сакаат.“
Дополнително, van Meel најави дека во иднина, силата на М-автомобилите ќе биде ограничена. Според него, тие се веќе на границата на она што е рационално. „Ако додадеме коњски сили и вртежен момент, ќе ја надминеме границата“ – рече van Meel. Ако земеме во предвид дека М5 и М6 веќе имаат по 560 коњски сили, а дека 30th Anniversary Edition верзијата на M5 веќе има 600 коњски сили, тогаш тоа значи дека границата би била некаде околу тие 600 коњски сили.