Сега за сега ова е само концепт, но како дел од програмата за автономни возила, Jaguar Land Rover направи Range Rover Sport кој можете да го контролирате преку вашиот паметен телефон.
Возилото му овозможува на возачот да го контролира „на далечинско“ преку апликација на паметен телефон. Апликацијата му дозволува на возачот да го контролира управувачот, педалите за гас и кочница, како и да префрла од висок во низок степен на пренос, односно да го активира и деактивира редукторот на автомобилот. Системот работи до максимална брзина од 6.4 километри на час и може да се користи за маневрирање во тесни ситуации – на пример паркирање – или пак за тешки теренски делници.
Далечинското управување работи само ако возачот е оддалечен до 10 метри од возилото. Доколку возачот се оддалечи премногу, тогаш системот ќе го запре возилото.
Погледнете како тоа изгледа во пракса!