Дали ја погледнавте титаниумската понуда на Ford? Нашите пријатели ги нудат своите автомобили по привлечни цени, а ние веќе имавме можност да ги возиме сите автомобили кои се дел од моменталната акција!
Малата Fiesta е првиот модел од понудата, а ние останавме импресионирани од управливоста и забавата кои ги нуди овој градски автомобил. Fiesta е меѓу најдобрите автомобили во класата и со задоволство можеме да кажеме дека е најпродаваниот автомобил од оваа класа во Европа. Дополнително, имавме можност да ја посетиме фабриката на Ford во Келн и на лице место да се увериме во производниот процес кој стои позади Fiesta.
Кога веќе зборуваме за Келн, мораме да се надоврземе на одличните Ford Focus ST и Ford Focus ST TDCI кои ги возевме во Келн. Овие автомобили нè импресионираа со управливоста и моќта, а дизелската верзија со својата економичност. Ако постои подобар начин да се запознаете со околината на Келн од возачкото седиште на Focus ST, тогаш ние сè уште не сме го откриле.
Секако, не смееме да го пропуштиме ниту тековниот Автомобил на Годината во Македонија. Прв контакт со новото Ford Mondeo имавме за време на организираното тест возење во Грција, каде поминавме неколку стотици километри зад воланот на Mondeo Tournier опремен со 1.6-литарски EcoBoost турб0-бензинец, како и хибридната верзија на Mondeo. Шармантните и кривулести патишта на Пелопонез беа одличен вовед во талентите на Mondeo.
Неизбежно, по возењето на Mondeo во Грција, имавме можност да го возиме и во Македонија. Автомобилот на Годината во Македонија во Titanium ниво на опрема и придвижуван од 2-литарски турбодизел со 180 коњски сили одлично се справи со македонските улици и услови на патиштата – а ние сметаме дека наградата е сосем заслужена!
Конечно, дел од Титаниумската понуда е големиот теренец Kuga – автомобилот кој сега е значително поголем од својот претходник нуди ниво на опременост и квалитет кој веќе се навикнавме да го очекуваме од Ford. Со задоволство поминавме неколку дена со Kuga и се убедивме во теренските таленти на овој SUV на Ford!
Ве покануваме самите да ја погледнете Титаниумската Понуда на Ford и да се убедите во квалитетите кои ги нудат автомобилите на синиот овал!