Освежениот Avensis ќе се нуди со два нови дизел мотори, кои всушност доаѓаат од BMW, а ќе ја користат D-4D технологијата на Toyota.
Едниот мотор е со зафатнина од 1.6 литри и нуди 110 коњски сили и 270 Nm вртежен момент. Овој мотор ќе го замени стариот 2-литарски на Toyota и би требало да троши само 4.1 литар гориво на 100 километри.
Вториот мотор кој ќе се нуди е 2-литарскиот мотор од BMW кој нуди 141 коњска сила и моќни 320 Nm вртежен момент. Овој мотор ќе го замени 2.2-литарскиот мотор и ќе троши само 4.5 литри дизел на 100 километри.
Новиот Avensis ќе се произведува во Derbyshire, во Обединетото Кралство а дизанјерските задачи при фејслифтот му припаднаа на ED2 Design Studio ателјето на Toyota во Франција.