Утринава ве покануваме да погледнете зад кулисите, и да видите како Citroen го правеше Aircross концептот – еден од најинтересните концепти изминатиов период!
Веќе пишувавме за одличниот хибриден концепт на францускиот производител, а денес ќе ви пренесеме неколку фотографии и видео од процесот на производство низ кој помина Aircross. Како што веќе знаеме, хибридниот автомобил има 1.6-литарски турбо-бензинец со 218 коњски сили кој ги придвижува предните тркала, но и 95-коњски електромотор кој ги придвижува задните.