Баварскиот производител започна полека но сигурно да го открива својот нов знаменосец, а Серијата 7 не би била Серијата 7 доколку не дојде со нови иновативни технологии!
Меѓу новитетите кои Серијата 7 ќе ги донесе кога ќе биде претставена се вбројуваат паркирањето со далечинско, управувањето со гестикулации, напредната гласовна контрола, како и користењето на карбонски влакна во структурата на големиот автомобил. Погледнете за што се работи!