Чешкиот производител ќе освојува нови пазари и неочекувани води со новата VisionSea луксузна јахта!
10 метри долгата јахта која Skoda ја опишува како „воден куршум“ поставува нови стандарди во сегментот на брзи бродови со експресивно динамичната форма, прецизноста и изгледот. Зелената јахта очигледно влече инспирација од VisionC концептот кој беше претставен минатата година, а сите површини кулминираат во остри, тродимензионални форми.
Секако, бидејќи се работи за Skoda, тука има многу Simply Clever решенија – меѓу другото, VisionSea нуди највеќе простор за нозете во класата, како и многу простор за одлагање ситнурии и багаж. Сигурносните елеци се поставени под седиштата, а стандардната опрема вклучува управувач обложен со кожа кој се нагодува по висина, два носачи за шишиња изработени од нерѓосувачки челик, а има и многу мрежички и кукички за да ги држите прицврстени вашите важни работи. Специјално дизајниратното ветробранско стакло доаѓа со уникатна анти-статичка крпа и заедно во секој момент ќе ви понудат одличен поглед.
За придвижување задолжен е ултра-модерен хибриден погон кој користи 180-коњски турбо-бензинец и е-мотор со моќност од 270 коњски сили. Овие два мотори ги поставуваат стандардите во однос на тежината, мазното работење и забрзување преку 6-степениот DSG менувач. Skoda VisionSea може да помине до 50 наутички милји само на електричен погон, а вкупната автономија е 980 наутички милји!