Сакајќи секогаш да биде блиску до своите купувачи, германскиот луксузен бренд го претстави A8 5.5, наменет за купувачите од Јапонија!
Вградениот систем за подготвување ориз сега може да се добие во Audi A8 5.5 во Јапонија. Развиен специјално за тамошниот пазар, А8 5.5 го добива своето име од 5 (Go) и 0.5 (Han), a тоа доаѓа од зборот „gohan“ што значи ориз на јапонски. Системот доаѓа со задна конзола на која е монтиран лонецот за ориз дизајниран специјално за големиот седан и според Audi, „го приготвува најдобриот ориз на сите времиња,“ благодарение на интензивната топлина во специјалниот сад за готвење ориз кој се вика Hagama.
Купувачите ќе можат да го користат вградениот touchscreen панел за да одберат од неколкуте различни опции за приготвување, а специјална – Audi-брендирана – мешалка за ориз е дел од пакетот, но само за одредено време.