Lykan Hypersport е еден од најскапите автомобили на светот – чини цели 3.4 милиони долари – и има важна улога во Furious 7!
Ајде да позборуваме за најважните работи, покрај цената, секако. Lykan Hypersport го придвижува 3.7-литарски шест-цилиндерски мотор кој испорачува 750 коњски сили и 960 Nm вртежен момент. Бенчмаркот од 100 километри на час се постигнува за 2.8 секунди, а максималната брзина изнесува 385 километри на час. А да, и да не заборавиме – се планира да бидат произведени само 7 примероци од овој хипер-автомобил.
Секако, бидејќи ова е автомобил наменет за најбогатите, токму такви му се и некои од деталите – на пример, во предните светла можете да изберете да ставите дијаманти, рубини или смарагди – во зависност од бојата која ќе ја изберете за вашиот Lykan Hypersport!